Некои луѓе едноставно не можат да дочекаат нешто да се случи, да кажат, да направат или да добијат. Едноставно немаат многу трпение.
Иако хороскопскиот знак не ве дефинира, може да каже многу за вас, а на овие хороскопски знаци заедничка особина им е токму нестрпливоста.
Јарец
За Јарците мора сѐ да оди по план. Нивниот план. Со максимална брзина. Припадниците на овој хороскопски знак имаат неверојатно високи барања, првенствено од себе, па и од другите. Нивните стандарди се високи, исто како и очекувањата. Ако нешто не се одвива совршено и точно онака како што тие си замислиле, стануваат многу нестрпливи. Тоа може негативно да им се одрази во односите со луѓето околу нив, особено соработниците. Уште понеподносливи се ако им ветите нешто, а не го остварите навреме.
Совет: Барајте го најдоброто што луѓето можат да го дадат, не најдоброто според вас.
Стрелец
Амбициозни и енергични, како вистински огнен знак, Стрелците одвај чекаат да ги реализираат нивните цели и соништа. Не се толку организирани и перфекционисти како Јарците, но кога ќе добијат идеја мора веднаш да ја спроведат на дело. Ова понекогаш се покажува како добра карактеристика, но негативното е тоа што ако не се случи сѐ веднаш, прво се иритираат, па губат интерес и на крај се оддалечуваат.
Совет: Обидете се подетално да ги планирате нештата. Уживајте во возењето!
Вага
Припадниците на овој воздушен знак секогаш се во потрага по авантура – не можат мирно да седат без да прават нешто. Стоењето во место кај нив предизвикува напнатост што брзо се шири околу нив. Немаат големи очекувања од другите луѓе, но додека Вагата не се смири, нема да има баланс ни околу неа.
Совет: Најдете некоја самостојна активност што ќе биде ваш издувен вентил.
Овен
Како припадници на огнените знаци, Овните исто како и Стрелците се енергични, возбудливи и – нестрпливи. Кога нешто ќе намислат сакаат да го реализираат брзо, стравувајќи дека некој ќе им ја украде идејата и нема да бидат уважени за нивното дело. Сакаат да се во центарот на вниманието, веруваат дека само тие знаат најдобро како треба и очекуваат од сите да функционираат како нив, што секако, не е возможно.
Совет: Научете се да делегирате обврски и да им верувате на другите дека ќе ја завршат работата.