Ја љубеше Мараја Кери, а потоа ја раскинаа веридбата и заврши на психијатрија: Милијардерот денес не личи на себе

Милијардерот Џејмс Пакер и американската пејачка Мараја Кери биле заедно пред неколку години, односно верени, но нивната љубов доживеала крах.
Австралискиот бизнисмен и милијардер Џејмс Пакер (54) своевремено бил под лупа на јавноста поради својата врска со славната пејачка Мараја Кери.
Паркер со месеци ја молел пејачката да оди со него на романтичен состанок, но таа се согласила да го направи тоа во 2015 година, а потоа милијардерот почнал на Мараја да ѝ дава подароци и да ја планира венчавката.
Пакер и Мараја биле во љубовна врска помалку од две години.
Во нивната љубовна романса запловиле во 2015 година, а веќе наредната година се верила, а милијардерот за вереничкиот прстен искеширал 13,2 милиони долари.
Меѓутоа, само десет месеци подоцна следело раскинувањето. Најинтересно во целата приказна е тоа што пејачката тој прстен никогаш не му го вратила туку наводно го продала за помалку од три милиони долари.


Пакер по раскинувањето на веридбата се повлекол од јавноста, а сега се труди да живее што подалеку од медиумите.
Во последните неколку години може да се забележи дека тој има околу 10 килограми вишок и изгледа целосно непрепознатливо за разлика од времето кога ја љубел славната пејачка.
Еднаш тој изјавил дека Мараја се наоѓа на мрачно место што се однесува до менталното здравје и дека во поголем дел од ситуациите е невозможна.


Две години по таа изјава, и самиот завршил во психијатриска болница, но набрзо потоа бил пуштен.
Сега тој купил нова куќа во Мексико по цена од 50 милиони долари, а според информациите домот изгледа како затвор со максимално ниво на сигурност.
Милијардерот наводно ја продава и својата јахта „IJE“ за неверојатни 232 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.