Индија загрижена за давањето под кинеска контрола пристаниште во Пакистан

Индиските власти се загрижени поради најавата дека јужното пакистанско пристаниште Гвадар ќе биде дадено на управување на кинеската компанија „Chinese Overseas Port Holdings Limited “, изјави во вторникот индискиот министер за одбрана A.K. Ентони.

 „Предавањето на управување на пристаништето на Кина, нé обеспокојува”, изјави индискиот министер на одбраната во вторникот на прес-конференција, воздржувајќи се од други коментари.
Договор за предавањето на контролата врз пристаништето од сингапурската компанија „PSA International” на кинеската „Chinese Overseas Port Holdings Limited”, начелно беше одобрено од властите во Пакистан кон крајот на јануари годинава. Во понеделникот, на официјалната церемонија беше потпишан и конечниот договор.
Во мај 2011 година, пакистанскиот министер за одбрана Ахмад Мухтар соопшти за желните и потребите на Кина за изградба на воено-поморска база во Гвадар. Министерството за надворешни работи на Кина тогаш не потврди за вакви планови или за евентуални преговори околу ова прашање.
Експертите забележуваат дека пристаништето Гвадар ќе и' даде предност на Кина во сферата на трговијата, значително скусувајќи го патот по кој земјата се снабдува со енергетските ресурси од земјите од Персискиот залив. Изградбата на ова пристаниште, 70 километри од иранската граница започна во 2007 година, а Кина во проектот има инвестирано најмалку 200 милиони долари, што претставува 75 отсто од финансиската рамка на зафатот.
Макфакс
Индиските власти се загрижени поради најавата дека јужното пакистанско пристаниште Гвадар ќе биде дадено на управување

Пронајдете не на следниве мрежи: