Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ не ја крие љубовта кон Богдан Срејовиќ уште од првиот ден кога беа фатени заедно во јавноста.
Од тој ден нејзиното момче е во центарот на вниманието на целата јавност, па со секој свој гест е магнет особено за новинарите.
Овој пат тој го привлече своето внимание објавувајќи видео на својот Инстаграм профил на кое ја означи пејачката.
Имено тој објави видео од ноќно излегување на кое беше сам, а додека бендот ја пееше песната „Маскарада“ тој снимаше и видео снимката ја сподели означувајќи ја Цеца во објавата.
Освен тоа тој стави и емотикон во облик на срце.