Светот остана во неверување по соопшувањето на веста дека Папата Бенедихт 16-ти отстапува од својата должност на 28 фебруари. Ваква вест нема одекнато во светот цели шест века. Бидејќи Папа се именува на таа функција доживотно, многу ретко во историјата имало случаи тој сам да си поднесе оставка, иако со канонското право е предвидена оставка. Пред Бенедихт 16-ти последен пат тоа го има направено Папата Грегори 12-ти во 1415 година.
Во 1045 година Ватикан го тресе уште едена невообичаена оставка на Папа. Имено папата Бенедикт 9-ти прв се согласил да се откаже од престолот и тоа за пари. Престолот го наследува папата Грегори 6-ти, кој го убедил претходниот да се откаже од престолот за црквата да се ослободи од неговите скандали.
Папа која најкраток период бил на чело на Ватикан, е Папата Селестин 5-ти. Во 1294 година по само пет месеци служба тој издал свет декрет со којшто се дозволувало еден папа да си даде оставка, а потоа тоа го сторил и самиот.
Фото: wikipedia
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Светот остана во неверување по соопшувањето на веста дек