Џенифер Анистон: Луѓето не знаат дали можам или не можам да имам деца

52-годишната актерка во неодамнешното интервју за The Hollywood Reporter откри дека ваквите коментари ги прифаќала на лично ниво и дека често ја нервирале.
„Луѓето често ги проектираат своите проблеми, но тоа веќе не ми е важно. Знаете, имам работа, имам пријатели, луѓе што ги сакам и среќна сум“, вели таа.
„Порано многу лично ги сфаќав гласините за некаква моја бременост и многу се нервирав, бидејќи овие луѓе не знаат што се случува во мојот живот, не знаат што се случува од медицинска гледна точка… можам или не можам да имам деца. Не знаат ништо“, рече актерката.
Анистон додаде дека потребата на луѓето да претпоставуваат работи за туѓите животи повредува, додавајќи дека жените се целосни суштества без деца или со деца.
„Мораме сами да одлучиме за нашите тела. Таа одлука е наша и никој не треба да се меша. Да им дадеме пример на сите млади жени ширум светот“, рече таа.
„Ние одлучуваме за нашиот среќен крај.“
Поради постојаните шпекулации за нејзината бременост, како што вели, ѝ било непријатно, бидејќи постојано и ја честитале фиктивната бременост.
Во 2018 година таа се изјасни дека се откажала од идејата да стане мајка.
„Некои жени едноставно се родени за да се омажат и да имаат деца. Мислам дека мене тоа не ми доаѓа природно.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.