СВАДБА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ДЕЈВИД БЕКАМ! Таткото на познатиот фудбалер се ожени со 10 години помлада МИЛИОНЕРКА

На социјалните мрежи протекоа семејни фотографии од интимната венчавка на најстариот член на семејството Бекам, 73-годишниот татко Дејвид Бекам, Тед и неговата вереница, адвокатката Хилари Мередит.
Брачните завети минатиот викенд ги разменија 73-годишниот Тед Бекам и 11 години помладата адвокатка Хилари, а фотографиите од венчавката брзо се проширија на социјалните мрежи. Меѓутоа, она што е интересно е дека главен актер на венчавката на таткото Тед е популарниот фудбалер Дејвид Бекам. Тед Бекам го одбрал својот син за венчален кум.
Церемонијата се одржа во лондонскиот Темпл, каде младоженецот блеснал во темносин костум, додека неговата новопечена сопруга избрала сатенски фустан врз кој носела палто од ист материјал и боја. Тед и Хилари Бекам позирале покрај елката, заедно со нивниот кум Дејвид Бекам, а на фотографијата им се придружила и ќерката на Хилари, Шарлот.
И славниот фудбалер се огласи на својот профил на Инстаграм честитајќи му на својот татко за венчавката.
„Прекрасен ден за славење на свадбата на татко ми и Хилари. Неверојатно е да се биде заедно со целото семејство. Толку горд што сум тука за татко ми како што тој секогаш беше тука за мене. Те сакам тато“, напишал Бекам покрај фотографијата.
Портпаролот на семејството ја потврди среќната вест:
„Тед и Хилари Бекам би сакале да потврдат дека во саботата се венчаа на мала, приватна церемонија во Лондон, опкружени со најблиското семејство, вклучувајќи ги трите деца и осумте внуци на Тед, но и мајката на Хилари, како и нејзините ќерките. Кум беше синот на Тед, Дејвид, а деверуши Шарлот, Франческа и Харпер, кои изгледаа прекрасно во сини кадифени фустани. По венчавката, парот отпатува во странство на меден месец“.
За Тед Бекам ова е втор брак, откако во 2002 година се разведе од мајката на Дејвид, Сандра, по 33 години брак. На свадбата присуствувала неговата снаа Викторија, како и внуците Ромео и Круз и внуката Харпер, додека најстариот Бруклин бил спречен, бидејќи моментално е во Америка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.