Нутриционистка сподели што јаде во текот на работниот ден

Изборот на храна е директно поврзан со нашето здравје и благосостојба. Здравата храна секако треба да биде приоритет, но не треба ни да бидеме премногу строги.
Нутриционистката Кејтлин Алеум смета дека на сите ни треба повремено задоволство и таа ужива во тоа одвреме-навреме, пишува Women’s Health.
Избирањето здрави опции се чини потешко кога имаме куп дневни обврски, работиме надвор од дома и јадеме најмалку еден оброк на работа.
Токму затоа Кејтлин сподели како изгледаат нејзините дневни оброци, надевајќи се дека ќе ги инспирира другите да се хранат подобро и да јадат храна што им причинува задоволство без грижа на совест.
Појадок
Денот секогаш започнува со хранлив и богат појадок бидејќи вежба наутро, па за тоа ѝ треба многу енергија.
Овесна каша со грчки јогурт и овошје или тост од кисело тесто, авокадо и варено јајце се нејзините најчести опции. И двете содржат комбинација со висока содржина на влакна и протеини, кои помагаат да се чувствувате сити.


Ужина
Ако има планирано динамично утро и знае дека ќе може да руча малку подоцна, однапред планира ужина што може да ја земе со себе во чантата. Мал сад со јаткасти плодови, малини и сечкани јаболка или кое било сезонско овошје, како и протеински барови.
Ручек
Ручекот може да варира од тортиљи од цели зрна со пилешко и салата до суши или оброци со кафеав ориз, тофу и свежа салата. Оние состојки што може да ги подготви однапред во поголеми количини (како варен ориз, наут, грав, леќа, киноа) ги подготвува еднаш неделно и ги чува во фрижидер или замрзнувач по порции.
Вечера
Остатоците од печен или варен зеленчук лесно се комбинираат со друга однапред подготвена храна како оние спомнати погоре.
Едноставен прелив за салата од екстра девствено маслиново масло, лимон и таан или сенф и мед ќе ги направи и најсекојдневните состојки раскошни и вкусни. Често прави голема количина сос на почетокот на неделата, што ѝ заштедува време.
Се раководи по неделен план на исхрана кој се состои од два ручека (или вечери, зависи кој ви е главен оброк) без месо, два со пилешко или црвено месо и два со риба.
Како мајка на три деца мора да биде инвентивна со оброците, па на репертоарот се и болоњезе од леќа, домашна вегетаријанска пица, печена риба и чипс од сладок компир, печено пилешко и зеленчук, печено говедско месо или кари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.