Зошто изолацијата е потешка за мажите отколку за жените

Додека тој пие виртуелно кафе со својата сестра, ги смирува умот и телото со онлајн часови по јога или разменува духовити шеги преку Интернет со пријателите на „Вибер“, тој страда тивко…

Признајте го тоа, најпрвин би се заколнале дека за повеќето мажи, социјалната изолација, и не е некоја драма. Барем не за оние што ги знаете.

Повеќето од нив и не се гледале со своето друштво премногу често пред пандемијата, а многумина воопшто не разбираат што значи концептот „најдобар пријател“.

Нивните пријателства се повеќе површни и првенствено се темелат на конкурентскиот дух, така што фактот што тие ќе мора да се откажат од оние три пива во недела попладне никако не може да биде крај на светот. Или?

Научниците предводени од Питер Хелм од Универзитетот во Аризона тврдат дека сепак е. Навистина, нивните истражувања покажаа дека мажите ја доживуваат „егзистенцијалната изолација“ многу поинтензивно од жените. А еве зошто.

Додека жените во време на криза без ограничување посегнуваат по поддршка и емпатија од околината, тие ги споделуваат своите емоции без срам и наоѓаат утеха и инспирација во т.н. I-sharing (пример е споделување на мислите, проблемите и сцените од животот на социјалните мрежи), мажите не можат да си го дозволат сето тоа.

Да бидеме попрецизни, општеството им наметнува пожелни и непожелни модели на однесување уште од мали нозе, кои во време на кризата доаѓаат „за наплата“. Уште од мали нозе се „подучуваат“ дека нештата како изразување емоции и барање поддршка се знак на слабост, односно нешто што не е достојно за нивниот пол и може негативно да влијае на нивната машкост (да, во 2020 година, синовите за жал сè уште се предупредуваат да не „плачат како девојчиња“).

Значи, тие се принудени сами да ги рециклираат сите свои емоции.

Повеќето нема да признаат дека им се стегнало грлото кога за прв пат влегле во продавница полна со маскирани лица или гледале видео од болницата во Бергамо.

Тие нема да се осмелат да ја поканат својата фудбалска репрезентација во група за поддршка на Вибер или да напишат статус во кој опишуваат како се чувствуваат. И да им олесни кога во коментар ќе прочитаат Me To Moment.

Па затоа овие денови имајте во предвид дека таа тишина т.е. отсуството на емоционална реакција од вашиот дечко или сопруг не значи дека тој е во ред или ве игнорира затоа што му е здодевно.

Тој веројатно ги води своите внатрешни борби, а од вас зависи дали ќе му помогнете да разбере колку е тоа секси кога дечкото ќе се осмели да побара помош!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.