Салт Бае првпат ја посетил мајка си после две години – луѓето го критикуваат: „Ова е жално“

Популарниот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае, откри дека ја посетил својата мајка за првпат по две години.
Милионерот, кој поседува повеќе од 15 ресторани во градовите ширум светот, вклучувајќи ги Истанбул, Њујорк, Мајами, Доха и Абу Даби, на Инстаграм сподели видео од неговата средба со мајка си.
Мајката и синот се прегрнале и разговарале, а тој на крајот ѝ ја бакнал раката во знак на почит, но многу следбеници го критикувале славниот готвач што не ја видел мајка си толку долго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)


„Па колку те сака… Дај ѝ малку од своето време, семејството треба да биде приоритет“, „Неверојатно е што не ја посетил мајка си две години, а постојано патува низ светот“, „Соблечи ги проклетите очила барем пред мајка ти“, „Жално е што е презафатен и му требаат две години за да ја види мајка си“, биле дел од коментарите, а на некои им пречело тоа што мајка му живее во скромни услови.
„Зошто живее во такви услови кога има син кој е толку богат?“, „Да е нормален би ѝ купил замок на мајка му, а таа живее во толку скромни услови“, „Со оглед на тоа колку пари имаш, изненадена сум што мајка ти не живее во вила“, додаваат други.
Меѓутоа, како и обично, Нусрет не одговорил на коментарите, ниту критиките од неговите следбеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.