Анастасија Ражњатовиќ доживеала сообраќајка во Дубаи: Веднаш пристигнала Брза помош и полиција!

Пејачката Анастасија Ражњатовиќ кога тргнала на пат за на аеродромот во Дубаи доживеала сообраќајна несреќа. Имено, таксито во кое била со нејзината пријателка се судрило со друг автомобил.
-Анастасија тргнала на летза Белград, но таксито со кое се возеле со нејзината пријателка ги однесе на погрешен терминал. Потоа, некако успеале да најдат друго такси, но по пат доживеале сообраќајна несреќа. Веднаш после тоа пристигнала полиција и брза помош, а Анастасија и нејзината пријателка немале никакви повреди. Пристигнало и трето такси, но кога пристигнале на аеродромот им било кажано дека пет минути порано им бил затворен авионот, открива за „Блиц“ извор близок до пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.