Веста која деновиве го воодушеви светот е бременоста на популарната музичка ѕвезда Ријана.
Пејачката го очекува своето прво дете со раперот АСАП Роки. Тие двајца направиле серијал со фотографии, на кои во главен фокус е трудничкото стомаче на Ријана.
Убавицата од Барбадос воедно е и една од најбогатите познати личности во светот.
Имено, минатата година беше објавено дека Ријана станала милијардерка. Според податоците на магазинот „Форбс“, од август, 2021-ва година, пејачката е „тешка“ 7 милијарди долари.
Тоа ја прави една од најбогатите музичарки на светот. Ријана на оваа листа се нашла после водителката Опра Винфри, која, според тогашние информации на „Форбс“, е најбогатата личност од светот на шоубизнисот.
Инаку, најголем дел од материјалното богатство на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари и доаѓа од вредностите на нејзиниот козметички бренд.
Исто така, огромна сума на пари пејачката заработува од нејзиниот бренд за долна облека – 270 милиони долари. Воедно, Ријана многу заработува и од својата музичка, но и актерска кариера.