Кога ќе наполни 50 години, секоја жена треба да се облекува на овој начин: Крафорд уште еднаш им одржа модна лекција на сите

55-годишната Синди Крафорд им е верна на едноставните, младешки комбинации и се чини дека тоа е полн погодок. Секој пат кога ќе прошета во сличен стајлинг, таа се „сместува“ на листата на најдобро облечени жени.
Поранешната манекенка и овој пат била на висината на задачата и уште еднаш објаснила што значи да се има добар стил.
„Кога ќе зачекорат во зрелите години, жените би требало да се држат до поедноставни парчиња. Големиот број на модни додатоци само ја кријат нивната убавина и прават да изгледаат смешно“, вели Лер Браун, моден експерт.

Тоа Синди одлично го знае, па веќе со години се води по тоа правило. Овој пат, за посета на ресторан со сопругот, таа одбрала тексас-ѕвонарки, класична маица и беж кожна јакна.
За фактот што и во 6-та деценија изгледа одлично придонесува и тоа што сè ѝ стои совршено, а доколку се прашувате како тоа ѝ поаѓа од рака, тајната е во нејзината исхрана.
Идеалната тежина за Синди Крафорд е 58 килограми. Таа е висока 177 центиметри и оваа тежина ја одржува целиот живот.


Крафорд практикува диета во која нема гладување и во која се дозволени 5-6 оброци (ручек, вечера и две ужини што не смеете да ги пропуштите). Сите оброци се во мали порции бидејќи во спротивно метаболизмот се забавува, а телото почнува да складира масти.
Второто правило е тоа дека целата исхрана мора да биде урамнотежена, а тоа подразбира внес на 30 отсто протеини, 40 отсто јаглехидрати и 30 отсто масти во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.