Во време кога општините се жалат дека немаат пари да ја платат струјата во најмала рака е чудно да се направи ваква голема набавка.
Тимчо Муцунски ја подновува општината со 35 нови компјутери за кои вкупно ќе се платат 37.500 евра.
Пет од компјутерите чинат над 109.000 денари или околу 1.800 евра за еден. Општината само за овие пет комјутери ќе плати 8.900 евра. Но, и останатите 30 компјутери не се со просечни цени, па така еден чини 975 евра или вкупно 30 -те компјутери чинат 28.600 евра.
Тендерот го добила компанијата „АЛ ГО СИСТЕМИ“ од Скопје и е склучен на 10 јануари.
Изненадува што не е објавена никаква спецификација на комјутерите, кои според тоа како стои пазарот имаат висока цена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.