понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Галбрајт: Да не се случеше Сребреница, никогаш немаше да се случи ни ’Олуја’

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првиот амбасадор на САД во Загреб Питер Галбрајт вели дека САД немало да им доволат на Хрватите да ја изведат акцијата „Олуја“ доколку Ратко Младиќ претходно не ја наредел Сребреница.

Галбрајт вели дека не е изненаден со ослободителната пресуда на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.
„Доколку Ратко Младиќ, тој брутален колач, тој безобзирен луд убиец, не ја наредеше Сребреница, ние немаше да дозволиме пад на Краина. Немаше да им дадеме зелено светло на Хрватите за операцијата ’Олуја’“, рече Галбрајт во интервјуто за новиот број на „Неделник“.

Макфакс

Поврзани вести