Лепа Брена вознемирена поради војната меѓу Русија и Украина: Доаѓаат тешки економски и политички миграции

Славната пејачка Лепа Брена се огласи за војната меѓу Русија и Украина.
-Не сакам да го коментирам тоа. Искрено, многу пејачи сакат да се покажат паметни и информирани. Лично, многу тешко ми паѓа секоја политичка или воена вознемиреност бидејќи тоа на Балканот го доживеавме неколку пати и сите не вознемирува. Се тоа ќе влијае на економијата, на цената на гасот, на нафтата, на нашите животи, на миграција на луѓето. Кога ќе случи нешто такво доаѓаат тешки економски и политички миграции, изјави Брена.

Инаку, Јелена Карлеуша исто така се огласи по повод нападот на Русија врз Украина.
-Смирено поминувам низ транзиција од анксиозност предизвикна од пандемија до анксиозносот предизвикана во војна, напиша Јелена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.