Vendetta маските прогласени за илегални во Обединетите Арапски Емирати

Полицијата во Дубаи предупредува дека носењето на ваквата маска, која симболизира бунтовништво против државниот авторитет, за време на Денот на Нацијата се смета за нелегално.

Секој кој ќе носи маска од Guy Fawkes, односно “Vendetta” маска за време на оваа прослава, ќе биде приведен и испитуван од полицијата под сомнение дека поттикнува несигурност кај народот и бунтовништво, како и навреда кон државата. 

Маските се направени во знак на почит кон Guy Fawkes, човек кој во 1605 година се обидел да го дигне во воздух Британскиот Парламент. Денес, секоја година на 5ти ноември по истиот повод има огномет во Лондон.

Овие маски станаа многу популарни во Обединетите Арапски Емирати за време на “Арапската пролет”, а се користат како симбол на бунтовништво против владите и режимите во целиот регион. Овие маски станаа популарни во 2006 година, кога беа употребени во филмот “V for Vendetta”, од каде им доаѓа и името “Vendetta” маски. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 Предлог филм: V for Vendetta (2005)

 

 Anonymous го одбележаа денот на Guy Fawkes

 

 Уапсен портпаролот на „Анонимуси“ 

Пронајдете не на следниве мрежи: