Пронајденото тело во ДУНАВ по се изгледа не е МАТЕЈ ПЕРИШ, еве зошто!

Синоќа кај местото викано Костолец, од Дунав било извлечено тело кое било во фаза на распаѓање, а за кое полицијата се сомневала дека се работи за Матеј Периш.
Телото го пронашол рибар кој ловел риба во близина, а според неговото сведоштво и сведоштвото на Ненад Периш, не се работи за Матеј Периш, пишуваат српските медиуми.
Клучните детали не се поклопуваат со пронајдените остатоци од телото кое вчера беше пронајдено во Дунав.

Имено тоа што ја побива тезата дека се работи за Матеј е дека телото е пронајдено во фаза на распаѓање, што значи дека тоа тело во Дунав се наоѓа минимум шест месеци, додека пак Матеј исчезна вечерта помеѓу 30 и 31 декември минатата година.
Исто така и патиките кои биле пронајдени на трупот кој испливал од Дунав не одговарат тие кои ги носел Матеј таа вечер, потврдил Ненад Периш.
Како што пишуваат српските медиуми Матеј таа вечер носел црни патики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.