Трик стар 80 години: Како да сварите јајца без зовриена вода?

Како да сварите јајца без да ги готвите во вода која врие, открила во книгата „How to Cook a Wolf“ од М.Ф.К.Фишер, авторка на бројни книги за подготовка на храна.
Фишер предлага два метода како на вистински начин да подготвите вкусни и сочни јајца. Нејзините методи датираат од 1942 година, кога ја објавила книгата.

Постојат два начина да се сварат јајцата без варење или готвење:
Првиот начин е да го ставите јајцето во ладна вода со што ќе спречите пукање на кората и потоа да се вари на тивок оган и никогаш во вода која врие.
Како што тврди Фишер, јајцето ќе биде целосно сварено, но ќе има многу подобар вкус.
Друг начин е да го потопите јајцето во ладна вода во помал сад и да го загреете. Штом водата ќе почне да врие веднаш тргнете го лончето од оган, а јајцето можете веднаш да го јадете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.