петок, 13 ноември 2026
Најново

Обама и Ромни израмнети на првото избирачко место

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На првото гласачко место кое беше отворено во САД, претседателските кандидати Барак Обама и Мит Ромни, добиле ист број на гласови.
Демократот Барак Обама и републиканецот Мит Ромни на гласачкото место во Диксвил Нотч добиле по пет гласови.

Гласачкото место било отворено веднаш по полноќ и на него гласале сите десет избирачи. За прв пат во историјата, во Диксвил Нотч, резултатот на претседателските избори е израмнет, јави телевизиската мрежа „CNN“.
Уште едно избирачко место било отворено по полноќ, во малиот град Харт Локејшн, во кој право на глас имаат 32 лица. Резултатот во овој град е 23 гласови за Обама и девет за Ромни.
Дел од американските медиуми, ден воочи изборите, објави прогнози на изборните резултати, кои се темелат на резултатите на  последните анкети.
Според oвие резултати, на изборите ќе победи Барак Обама со повеќе од 270 електронски гласови и незначително мнозинство од вкупниот број на избирачи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Кампањата на Ромни финансиски далеку ја надмина на Обама

Мишел Обама побара од Американците нова шанса за претседателот

Обама го враќа ударот по поразот во тв дебатата

Поврзани вести