петок, 13 ноември 2026
Најново

Новиот Скотланд јард на продажба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лондонската полиција во обидот да ги намали трошоците размислува за продажба на своето седиште New Scotland Yard препознатливо по знакот што се врти, пишува во средата весникот The Guardian.

Челниците планираат да го продадат седиштето во коешто легендарната лондонска полиција е сместена од 1967 година, и да ја преселат во помал простор.
Британската влада ѝ наложи на лондонската полиција до 2015 година да ги намали своите расходи за 500 милиони фунти.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Меѓу другите предлог мерки за штедење е и скратувањето на работата на шалтерите за граѓаните коишто досега работеа 24/7, намалувањето на бројот на персоналот за надзор, како и продажба на другите недвижнини.

Сепак, не е планирано намалувањето на бројот на полицајците коишто во моментов ги има 32 илјади.

Макфакс

Поврзани вести