Колку е долгото седење штетно за здравјето?

Во последно време, експертите одлучија повторно да ја отворат темата, бидејќи луѓето поминуваат сѐ повеќе време седејќи. Долгото седење од година во година станува сѐ почеста причина за здравствени проблеми.
Истражувањето спроведено во Америка даде загрижувачки резултати. Повеќе од 25 проценти од Американците седат повеќе од осум часа дневно, а 44 проценти од нив вежбаат малку или воопшто не вежбаат. Просечен Американец гледа телевизија три часа и активно се движи помалку од 20 минути дневно.

Сепак, ова не е случај само со Америка. Во текот на денот, потребни се 60 до 75 минути умерена физичка активност, како што е пешачење, за да се неутрализираат часовите на седење.
Според една студија од 2011 година, во која биле анализирани 800.000 луѓе, било заклучено дека луѓето кои седат најмногу се изложени на најголем ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.
Бројките се навистина загрижувачки:
112 проценти поголем ризик за дијабетес
147 проценти поголем ризик за срцев удар или мозочен удар
90 проценти поголем ризик за кардиоваскуларни заболувања
49 проценти поголем ризик од смрт од горенаведените состојби и болести
Зошто прекумерното седење е лошо?
Долготрајното седење ја намалува циркулацијата. Ова овозможува да се акумулираат маснотии во крвните садови.
Исто така, може да доведе до дијабетес тип 2 поради отпорност на инсулин, како и прекумерна дебелина.
Една студија од 2018 година покажа дека 82% од луѓето кои седат премногу долго секој ден почесто имаат проблем со запушени крвни садови.
Покрај тоа, ја забавува способноста на телото да ги вари маснотиите. Во тој случај, тие се таложат по целото тело.
Но, бидејќи седењето е неизбежно, треба да најдете начини да ги отстраните негативните последици.
Станете на секој час и направете неколку чекори, истегнете се.
Грижете се за држењето на телото. Лошото држење на телото може да доведе до проблеми со ‘рбетот, намалена циркулација, замор и губење на мускулната сила.
Ако треба да седите, исправете го грбот, повлечете го стомакот што е можно поблиску до ‘рбетот за да ги активирате мускулите и да ја одржите циркулацијата.
Работете на висока маса. Ако ја имате оваа можност, вашето срце ќе ви биде благодарно.
Вежбајте. Обидете се да се дисциплинирате, вежбајте секој ден и пешачете повеќе. Секоја минута во движењето се брои!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.