Северна Кореја предупреди дека територијата на Соединетите Американски Држави (САД) е во доменот на нејзините ракети и оцени дека неодамнешниот договор на Вашингтон и Сеул значи дека тие две држави планираат инвазија на Северна Кореја.
Јужна Кореја во неделата соопшти дека постигна договор со САД со кој и се дозволува тројно да го зголеми дометот на своите ракети за да може подобро да се соочи со потенцијалната закана на севернокорејските проектили и нуклеарно оружје.
Пјонгјанг во вторникот го нарече таквиот договор „како продукт на уште една завера“ заради поттикнување на војна против Северна Кореја.
Портпаролот на Националната комисија за одбрана соопшти дека Пјонгјанг ќе го крене степенот на воена подготвеност и предупреди дека неговите проектили можат да стигнат до Јужна Кореја, Јапонија, Гуам и копното на САД.
„Не криеме…стратешките ракетни сили имаат домет не само до марионетските бази, туку и до Јапонија, Гуам и копнениот дел на САД“, наведе портпаролот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: