Променливо облачно со подолги сончеви периоди

Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.


Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени Целзиусови.
Во наредните денови претстои период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен локален дожд. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.