Наташа Беквалац даде 3.000 евра за нови ЗАБИ: Еве зошто МОРАЛА да го направи тоа

Поп ѕвездата Наташа Беквалац е препознатлива по прекрасната насмевка украсена со природни заби.
Сепак, таа неодамна ја збогати својата насмевка со навлаки кои била принудена да ги стави.
Имено, пејачката за време на настап си ги изгребала предните заби на микрофонот, па решила да стави нови.


Таа за оваа интервенција издвоила околу 3.000 евра, пренесува „Телеграф“.
-На еден од настапите Наташа ги изгребала двојките на микрофон додека пеела, а тоа многу и пречело. Свесна дека здравите и убави заби се многу важни во нејзината работа, решила да оди на стоматолог, да стави навлаки и малку да ги продолжи своите, но и да ги пополни двојките – вели изворот и додава:
– Новите заби се за неколку нијанси побели од оние што ги имаше, а за ова разубавување на нејзината насмевка издвои близу 3.000 евра – ја заклучува приказната изворот.
Ната за прв пат ја покажа широката насмевка во емисијата Амиџи шоу каде сними видео посветено на Стефан Ѓуриќ Раста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.