Дарко Лазиќ тврди дека ноќта кога бил уапсен не конзумирал наркотици иако дивеел на автопат.
Сега е ослободен, па призна дека пиел алкохол и возел без дозвола, но не и дека користел психоактивни супстанци кои му биле пронајдени во крвта.
-Точно е дека бев позитивен на кокаин, но не го консумирав. Да се дрогирав, сигурно немаше доброволно да се согласам да го направам тој тест. Соработував со полицијата токму затоа што знаев дека ништо не сум земал. Единственото логично објаснување за тоа што ми се најде дрога во крвта е тоа што некој ми ја полил во пијалокот или дека сум пиел од туѓа чаша. На тој роденден имаше многу непознати луѓе, вели Дарко и открива зошто пиел таа вечер.
-Бев во депресија бидејќи Барбара ме замоли да одмориме од врската… Затоа тагата ја “лечев“ со алкохол. Испив неколку чаши, што покажа тестот, имав 0,91 промили алкохол во крвта. Тоа е точно и затоа немам проблем да признаам, но приказните за дрогата навистина не се точни, како и дека сум се однесувал дрско во полициска станица. Напротив, бев нормален и соработував со полицијата, истакна пејачот.
Иако полицијата утврдила дека Лазиќ нема возачка дозвола од 2013 година, Дарко се правда дека во меѓувреме го поминал тестот за возење во странство.
-Имам возачка дозвола, ќе докажам. Едноставно не успеав да ја земам, тврди фолкерот.
Лазиќ во последните девет години направил 16 сообраќајни прекршоци, вклучувајќи го и оној од октомври 2018 година, кога едвај преживеа. По новиот прекршок, тој тврди дека конечно се вразумил.
-Искрено жалам за сите прекршоци што ги направив, ветувам дека нема да се повтори. Згрешив, но што да правам, жив човек сум. Сега сум свесен дека веќе не смеат да ми се случуваат такви работи за да не страдам ниту јас, ниту некој друг во сообраќајот, истакна пејачот.
Дарко е казнет со 200.000 динари, што е максималната казна што може да се добие за возење под дејство на алкохол и дрога. Дополнително, добил забрана за управување со моторно возило една година, а за брзо возење треба да плати уште 10.000 динари.
-Се ќе платам навреме, не бегам од последиците од неодговорното однесување! – ја завршува приказната Лазиќ.