Денеска од Управата за финансиска полиција го издадоа следново соопштение:
Првопријавениот и второпријавениот, во својство на управители на ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, свесно и со однапред утврдена намера, со изготвување на cost benefit анализи (анализи на трошоци и добивки) кои содржат лажни и невистинити податоци, при тоа прикривајќи суштински факти – лажно презентирајќи несоодветни земјишта…
…пријавените физички лица – продавачи се меѓусебно поврзани лица поради нивните блиски меѓусебни пријателски и родниниски врски, како и блиски пријателски и деловни врски со првопријавениот, го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје да донесе Одлука
Првопријавениот и второпријавениот, во својство на управители на ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, свесно и со однапред утврдена намера, со изготвување на cost benefit анализи (анализи на трошоци и добивки) кои содржат лажни и невистинити податоци, при тоа прикривајќи суштински факти – лажно презентирајќи несоодветни земјишта како да се соодветни за намената за која што се купуваат, поради фактот што одредени земјишта не ги исполнуваат законските услови за пренамена на земјоделско во градежно земјиште и одредени земјишта се во несоодветна категоризација на земјиште за намената за која што се купуваат, презентирајќи пазарни цени за купопродажба на земјишта кои не соодвејствуваат со реалните пазарни цени на земјиштата за конкретната категоризација и класа на земјиште, прикривајќи го фактот дека пријавените физички лица – продавачи се меѓусебно поврзани лица поради нивните блиски меѓусебни пријателски и родниниски врски, како и блиски пријателски и деловни врски со првопријавениот, го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје да донесе Одлука – одобрение за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со четвртопријавениот, петтопријавениот, шестопријавената и седмопријавениот и по основа на таквите штетни договори првопријавениот и второпријавениот овозможиле на сметките на четвртопријавениот, петтопријавениот и шестопријавената од ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје да се исплатат парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари за земјишта чија реална пазарна вредност изнесува вкупно 2.146.723 денари.
Четвртопријавениот, петтопријавениот, шестопријавената и седмопријавениот, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да помогнат во реализацијата на кривичните дела извршени од страна на првопријавениот и второпријавениот, а по добиени насоки, совети и упатства од третопријавениот, во периодот од 01.09.2021 година до 17.09.2021 година склучиле вкупно деветнаесет договори за дар на недвижен имот со повеќе физички лица, кои договори во својата суштина се договори за купопродажба на недвижен имот, имајќи предвид дека на лицата дародаватели на денот на склучување на договорите им биле исплатени парични средства во кеш со средства обезбедени од страна на третопријавениот, а таквото склучување на фиктивни договори за дар било со цел и намера пријавените лица да ја избегнат обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за продажба на земјоделско земјиште, со што ги ограничиле законски пропишаните права на одредена група на субјекти да го остварат законско даденото право на првенство кога станува збор за купопродажба за земјоделско земјиште и со таквото склучување на фиктивни договори за дар пријавените лица, свесно и со однапред утврдена намера, ја исклучиле можноста трета страна да се јави како купувач на конкретните земјишта, а се со цел пријавените лица да бидат единствени потписници на договорите за купопродажба на недвижен имот со ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и паричните средства согласно склучените договори за купопродажба да бидат исплатени на нивните лични банкарски сметки.
Со претходно наведените дејствија, првопријавениот и второпријавениот, во својство на управители на ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, помогнати од страна на третопријавениот, свесно и со однапред утврдена намера, ги извршиле кривичните дела кои им се ставаат на товар и со таквите инкриминирани дејствија овозможиле четвртопријавениот, петтопријавениот и шестопријавената да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 99.431.060 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.