среда, 18 ноември 2026
Најново

Грција треба да ги демилитаризира островите или Турција може да го оспори нивниот суверенитет, предупредува Чавушоглу

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Грција мора да ја повлече својата војска од островите во Егејското Море или Турција „ќе ги преземе работите понатаму“, предупреди во четвртокот министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека Анкара е подготвена да го оспори нивниот суверенитет.

„Ние не блефираме. Ако Атина не се придржува, ќе ги преземеме работите понатаму“, им рече Чавушоглу на новинарите при лет назад од посетата на Ерусалим и на Западниот Брег.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Против меѓународното право е Грција да го откаже статусот на островите што и беа условно дадени во рамките на мировните договори од Лозана од 1923 година и Париз од 1947 година. Без оглед на причината што ќе ја најде Грција, нејзиното оправдување не е валидно. Кои беа условите? Нема да ги вооружува овие острови. Грција ги вооружува од 1960 година, затоа велиме дека ако не попушти, ќе започнеме дебата за нивниот суверенитет“, рече Чавушоглу.

Коментарите на Чавушоглу се последната остра ескалација на реториката што произлегува од Анкара по неодамнешната посета на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Вашингтон, каде што тој се осврна на се поагресивното однесување на Турција.

Поврзани вести