Секој хороскопски знак во себе чува замки кои, доколку се развијат во таа насока, можат да одат во крајност.
Секој астролошки знак има свои предности, но и недостатоци.
Овенот е нетрпелив, каприциозен, деструктивен, брз, агресивен, лут, хипертоничен, хиперактивен, релативно површен и несериозен.
Бикот е себичен, егоистичен, посесивен, љубоморен, уживач во сетилни и телесни задоволства, опседнат со материјата.
Близнаците се „дрдорци“, површни, несериозни, интригантни, сакаат да озборуваат, а манипулациите и измамите не им се туѓи.
Ракот е малодушен, затворен, несигурен, поради што станува жртва на околината, која пак отворено ја обвинува. Тој има променливо расположение, станува агресивен од страв.
Лавот е себичен, тиранин, суетен, себичен, нарцисоиден, несериозен, детинест, нескротлив.
Девицата е критичар кој наоѓа недостатоци кај секого, млитава, без енергија, претерано уредна или исто толку неуредна, дете кое гледа проблем во сè и затоа е често анксиозна.
Вагата е неодлучна, површна, студена, безчувствителна. Неуморен борец за правда што ја гледа само таа.
Скорпијата е прикриен убиец, љубоморна, тешка, наметлива, манипулатор, посесивна, непријатна.
Стрелецот е несериозен, некогаш необразован, коцкар, злобен, лажго и неорганизиран. Нереален оптимист кој поминува низ животот со мотото „што и да биде лесно ќе биде“.
Јарецот е ладен, строг, бавен, депресивен, песимист, досаден, крут, незаинтересиран, сурово амбициозен.
Водолијата контрира по секоја цена, луцкаста е, ексцентрична, бучна, неконвенционална, нервозна и вознемирна.
Рибите се измамнички, изгубени, манипулативни, неискрени, подмолни, лицемерни и злобни.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.