Цените на се и сешто од ден на ден растат во сите земји, но граѓаните на Хрватска најмногу ги загрижува поскапувањето на храната.

Цената на лебот, на пример, во Хрватска скокна за околу 50 отсто во однос на истиот период лани.
РТЛ неодамна објави информација дека векна од 600 грама леб во една пекара Брач чини дури 19 куни (2,52 евра).
По таа приказна, револтиран читател денеска го контактирал порталот Далмација, кој платил 18 куни (2,39 евра) за 465 грама леб, исто така во пекара Брач. Тој пресметал дека килограм од истиот леб ќе го чини 39 куни (5,18 евра), пренесува порталот Индекс.
За споредба, во месарница во Долац, во Сплитско-далматинската жупанија, за таа цена може да се купи килограм свинско котлети или килограм свинско ребра, се наведува во информацијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:


