Зеколи: Рушењето на владата, е главниот мотив за демонстрациите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

За лигавоста, патетиката и паланечкиот ментатилитет:

Излезот од оваа бура во чашата и аматерски диктирана криза нема да се должи на владата, на полицијата, дипломатијата, општеството туку благодарение на демагогијата на опозицијата.  Демонстрирана со таква провидност од која е тешко да се избегне чувството на мачнина пред повраќање. Сме имале сенешто во опозицијата, но никогаш ваков беден состав на незрелост, лигавост, патетична плачливост и умисленост на паланечки опозиционери со ментален склоп на „госпоѓи министерки”.

Во колумна објавена за Дојче Веле Зеколи ги сецира мотивите за протестите и ги лоцира на сосема друго мест во однос на објавеното дека се протестира против ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ.

Рушењето на владата а не спорот, договорот или протоколот со Бугарија е мотивот за разорните демонстрации предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Левица со медиумска и експертска подршка на партиските, невладини и медиумски краци на екс-СДСМ сивите еминенции исфрлени од играта и ускратени од колачот. За разлика од спонтаниот револт или загриженост на граѓаните-Македонци, мотивација и амбицијата на овој разорен триумвират не е ниту организационо спонтан, ниту емотивно искрен, ниту душевно гневен. Туку напросто студено-крвно рационален и профит-калкулантски пресметан театар во намерата за рушење на владата и враќање на сопствените изгубени позиции. И ништо повеќе од тоа и се помалку од она што го тврдат, убедуваат и ветуваат. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.