Двајца опозиционери од Апатин, Дејан Бачиќ и Милорад Мрѓа денеска жестоко се степале во центарот на тој град.

Бачиќ и Мрѓа пред очите на многу граѓани меѓу кои имало и жени и деца си разменувале жестоки удари со раце и нозе.
Клинчот го прекинал еден од насобраните граѓани кој успеал да застане меѓу нив.
Дејан Бачиќ бил член на разни здруженија на граѓани и политички партии од „Доста је било“ до Здружението на граѓани „Без страв“. Милорад Мрѓа е познат и по своите опозициски активности и учество на речиси сите протести против властите во Апатин.
ВИДЕО на следниот линк
Пронајдете не на следниве мрежи:


