Според нашите информации Сашо Мијалков, кој е осуден на 3 години затворска казна, утрово се пријавил во затворот во Струга.
Повеќе за случајот ИМПЕРИЈА на крајот од овој текст:
Тој призна вина за „злосторничко здружување“ и „противправно стекнување имот“ во делото „Империја“, за што доби три години затвор, но и конфискација на пари и имот, во вкупна вредност од околу 36 милиони евра.
Тој требаше да биде во затвор на осми овој месец, но побара двонеделно одложување на издржувањето на казната поради здравствени причини, а Судот во Охрид неговото барање го одобри.
Во меѓувреме се појавија фотографии на интернет и по социјалните мрежи од хотелот Мериот каде што тие семејно имаа приватна прослава…
Пред да биде изречена пресудата, Мијалков ја промени адресата на живеење во Охрид, па така казната ќе ја одлежува во струшкиот затвор, кој е од полуотворен тип. Покрај Мијалков, во затворот во Струга се наоѓа и бизнисменот Орце Камчев, осуден за истиот случај.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.