Бродови на грчката крајбрежна стража пукале врз товарен брод во Егејското Море, соопшти денеска турската крајбрежна стража.

Во соопштението се вели дека нема жртви на бродот југозападно од турскиот остров Бозјаде, во уште една ескалација на тензиите меѓу Турција и Грција.
Грчката амбасада во Анкара не се огласи по ова прашање, а причината за нападот не е позната.
Двете земји се во спор со децении, а тензиите ескалираа во последните недели по обвинувањата за нарушување на воздушниот простор од двете страни.
Грчките власти изразија загриженост дека по војната во Украина може да избие уште еден конфликт во Европа.
Пронајдете не на следниве мрежи:


