Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше прашан дали би прифатил дебата со Арсовска, на што тој одговори дека во ВМРО-ДПМНЕ има неколку искусни советници во Советот на Град Скопје.

„Имаме и претседавач, па можеби таа дебата ќе биде поделотворна на тој начин“, порача Мицкоски.
На прашањето дали вели дека не прифаќа дебата со Арсовска, тој одговара:
Не, јас велам за вие да имате подобра емисија, подобра дебата, ви нудам подобра опција.



