Младата тиктокерка и јутјуберка Карла Пардини (21) била застрелана во Мексико, по што било пронајдено нејзиното безживотно тело.

Имено, Карла била застрелана во Мексико, пред нејзината куќа, откако непознато лице и се јавило на телефон и и кажало да излезе.
Карла беше пронајдена во безживотна состојба, а не беше можно да ја врати во живот.
Очевидци рекле на полицијата дека неколку вооружени лица биле видени како шетаат низ областа непосредно пред да се случи убиството.
Од државното правобранителство се огласија за убиството, но не откриваат дали нејзините најнови видеа се поврзани со него.
– Истрагата ја водиме во најголема тајност, за да не алармираме евентуален осомничен – рече главниот државен обвинител.
Карла Пардини беше позната по објавувањето на содржини поврзани со модата, следена од околу 90.000 луѓе, а нејзините видеа имаат милионски прегледи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



