Три лица загинаа вчера кога гром удри во мал парк во центарот на Софија, а уште еден маж е пренесен во болница во критична состојба, соопшти МВР.

Мажот кој е пренесен во болница има изгореници на 20 отсто од телото и е од сириско потекло, соопштија болничарите.
Локалните медиуми јавуваат дека и трите жртви се Сиријци, но портпаролот на МВР изјавил дека идентитетот на жртвите допрва ќе се утврдува.
Во Софија вечерва за помалку од еден час се забележани повеќе од 800 удари од гром, објавија метеоролозите, а обилниот дожд ги поплави подземните премини во центарот на главниот град.
Снемало струја во некои предградија и околните села.
Пронајдете не на следниве мрежи:


