ЗА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ НЕМА КРИЗА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ПОДНОВИЛ СО АУДИ А8 ОД 1.650.000 ДЕНАРИ ПЛУС ДДВ

На Фејсбук се појави документ со кој Општина Петровец купила возило АУДИ А8 за околу 1.950.000 ДЕНАРИ, пресметано со ддв.

Ја пренесуваме реакцијата во целост, како и копија од договорот. ПУЛС24 се обрати до општината преку службениот маил со повеќе прашања на оваа тема. Истите ги има подолу во текстот. Штом добиеме одговори истите исто така ќе ги објавиме.

ЗА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ НЕМА КРИЗА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ПОДНОВИЛ СО АУДИ А8 ОД 1.650.000 ДЕНАРИ ПЛУС ДДВ

ФЕЈСБУК ОБЈАВА:

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, во ек на криза, со општински пари, купил моторно возило АУДИ А8 вредно 1.650.000 денари (околу 27.000 евра) без вклучен ДДВ.

Додека неговиот шеф и лидер, Христијан Мицкоски секојдневно излегува со тврдења дека државата пропаѓа, граѓаните едвај врзуваат крај со крај и дека сме на работ на сиромаштија, градоначалникот на Петровец, инаку кадар на ДПНЕ, решил да го поднови возниот парк.

Носител на набавката е Друштвото за трговија и услуги „ПП Сервис Ауто ДООЕЛ” с. Ржаничино.

Ова ли е домаќинското работење на Мицкоски и неговите Градоначалници?!

ЗА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ НЕМА КРИЗА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ПОДНОВИЛ СО АУДИ А8 ОД 1.650.000 ДЕНАРИ ПЛУС ДДВ

Согласно јавно објавениот договор на социјалните мрежи ПУЛС24 ги постави следниве прашања:

Ве молиме да ни потврдите дали општината набавила вакво возило. Исто така ве молиме да ни ја кажете точната сума колку истото чинело.
Исто така да ни кажете дали адвокатот Никола Тодоров е ангажиран на паушал од општината? Ако е ангажиран, да ни ја кажете сумата за која што е ангажиран, на колкав период и во која процедура?
ЗА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ НЕМА КРИЗА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ПОДНОВИЛ СО АУДИ А8 ОД 1.650.000 ДЕНАРИ ПЛУС ДДВ

ЗА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ НЕМА КРИЗА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ПОДНОВИЛ СО АУДИ А8 ОД 1.650.000 ДЕНАРИ ПЛУС ДДВ

ДОПОЛНИТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ ТЕКСТОВИ НА СЛИЧНА ТЕМА. ⬇️⬇️⬇️

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.