Медиуми: Омилениот синдикалец на Мицкоски се закани дека ќе го остави Скопје без вода

Дали Дарко Димовски има политички амбиции и можеби посакува да биде кандидат за независен градоначалник на таканаречениот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски имајќи во предвид дека Сојузот на синдикати на Македонија во рок од два дена го блокираше јавниот градски сообракај и се закани дека ќе го запре снабдувањето со вода на главниот град Скопје.

Има ли политичка мотивација протестот и стојат ли партија и центри на моќ зад препукувањето во Скопје? Ако се знае дека често добрите градоначалници на главните градови стануваат премиери или претседатели на држави. Познат е примерот на Жак Ширак кој од градоначалник на Париз стана Претседател на Франција. Граѓаните се сведоци дека Мицковски и неговата клапа прават се за да ја блокираат Данела да спроведе било каква политика⬇️⬇️⬇️

Димовски тврди дека нема политички амбиции, но нејасно е зошто ССМ не го блокираше Скопје поради доцнењето на две плати во Македонски Пошти, зошто немаше протести во Прилеп каде вработени во комуналното претпријатие немаа земено четири месеци плата, зошто денеска не се протестира во комуналното претпријатие во Кочани кое нема струја, а вработените работат во нехумани услови на ниски температури во октомври без греење…
Омилениот синдикалец на Мицкоски се закани дека ќе го остави Скопје без вода

Причината е помалку банална имајќи во предвид дека се работи за 30-тина вработени во ЈП Водовод кои со хоризонтална систематизација се преместени на нови работни места имајќи во предвид дека работните задачи на претходните работни места ги извршувале незадоволително.

Според информациите се работи за луѓе кои се партиски кадри блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои со месеци и со години не ги извршувале своите работни задачи, а со систематизација на работните места истите биле приморани конечно да почнат со работа.

Димовски тврди дека нема политички амбиции, но нејасно е зошто ССМ не го блокираше Скопје поради доцнењето на две плати во Македонски Пошти, зошто немаше протести во Прилеп каде вработени во комуналното претпријатие немаа земено четири месеци плата, зошто денеска не се протестира во комуналното претпријатие во Кочани кое нема струја, а вработените работат во нехумани услови на ниски температури во октомври без греење.

Димовски и ССМ кои молчат за инфлацијата од 18 проценти, кои во изминативе 5 години го премолчеа најголемиот политички прогон во историјата на независна Македонија сега се заканија дека ќе го остават Скопје без вода.

Имено запирањето на водоснабдувањето на градот Скопје е казниво со Закон, поточно со член 315 од Кривичниот Законик, член кој се однесува на кривичното дело Саботажа.

-Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години, стои во член 315 од Кривичниот законик.

Останува да видиме дали државните институции ќе постапат по отворената најава за саботажа на системот за водоснабдување од страна на ССМ и дали можеби ќе дојдат до луѓето кои ги инструментализираат синдикатите во својата политичка борба со политичките неистомисленици.

Се поставува прашањето дали егото на Христијан Мицкоски чини колку нормалното секојдневие на половина милион жители на Скопје? Се поставува прашањето дали шпицниот градоначалник, Христијан Мицкоски ќе го остави Скопје без вода откако го остави Скопје без автобуски превоз?

Дали политичките хирови на мала клика во раководоството на ВМРО-ДПМНЕ вредат Скопје да остане макар и ден без вода?

Во историјата на Македонија само еднаш се случило град да остане без вода за време на војната во 2001 година.

Садула Дураку во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го заврти вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку недели. Поради тој случај го доби прекарот „Командант Вентили“, а за настанот беше отворен и судскиот предмет „Липковска брана“/.

Извор: ИНФОМАКС

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.