Мицковски ја смени плочата, сега вели да ги внесеме Бугарите во Устав, ЕУ ако дадела гаранции дека нема да има ново вето!

Мицковски денеска изјави дека е подготвен да поддржи отворање и интервенции во Уставот кога Европската Унија ќе даде гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека нема да бидеме предмет на дополнително вето од источниот сосед.

„Кога некој од Европа и од Брисел ќе дојде и ќе даде јасна гаранција пред овој македонски народ и пред граѓаните на Македонија тогаш ќе можеме да седнеме и да разговараме за се”, рече Мицкоски.

На Мицковски исто така не му пречи и Албанскиот да стане службен јазик во државава:

Подготвен сум да разговарам за тргање на условот 20 отсто за употребата на албанскиот јазик од Уставот но само ако разговараме и за бришење на Бадентеровиот принцип но и за балансерот, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со условувањето на Алијанса за Албанците а по посетата на општина Аеродром.
Мицковски ја смени плочата, сега вели да ги внесеме Бугарите во Устав, ЕУ ако дадела гаранции дека нема да има ново вето!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.