ХОРОР ВО БРАЗИЛ! МОМЧЕ ПУШКАЛО СО ПУШКА ВО ДВЕ УЧИЛИШТА: Тројца мртви, единаесет ранети! (ВИДЕО)

Три лица загинаа, а 11 се повредени кога тинејџер од градот Аракруз во државата Еспирито Санто во Бразил отвори оган во две училишта.

Локалната полиција соопшти дека нападите се случиле околу 10 часот по локално време, а дека сторителот бил „тинејџер во воена униформа“. Носел полуавтоматска пушка и носел панцирен елек.

ХОРОР ВО БРАЗИЛ! МОМЧЕ ПУШКАЛО СО ПУШКА ВО ДВЕ УЧИЛИШТА: Тројца мртви, единаесет ранети! (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави видео од наводниот напаѓач.

Престрелката се случила во државно училиште и приватно училиште лоцирани на истата улица во градот Аракруз, јавува ABC News.

Се трага по убиецот, а официјално се уште не е потврдена информацијата дека сторителот е ученик во едно од нападнатите училишта.

Гувернерот на државата Еспирито Санто, Ренато Казагранде, изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека сите расположливи сили се вклучени во истрагата.

Бразилскиот претседател Лула да Силва, кој тесно го победи Жаир Болсонаро на изборите на крајот на октомври, овој чин го нарече „апсурдна трагедија“.

Ова не е прва вест во престрелки во кои вечерва имаше жртви.

Да потсетиме, неидентификуван маж, за кој постои сомневање дека е поранешен сопруг на една од жртвите, уби две лица, а исто толку повреди во околината на американскиот град Хјустон, соопшти полицијата.

Тој влегол во куќата и почнал да пука во луѓето кои биле таму каде што го прославувале американскиот национален празник Денот на благодарноста во четвртокот навечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.