Исла преминува во Интер

Играчот од дефанзивниот ред на италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус, Маурицио Исла, ќе го засили тимот на Интер.
И минатата година Исла беше на списокот на желби на Интер, но сепак заврши во Јувентус.
Чилеанецот се опорави од тешката повреда со коленото, доби мала минутажа во Јувентус што претставуваше огромно разочарување за чилеанскиот интернациооналец.
Интер исплати 7 милиони евра обештетување за Исла, тоа е само половина, бидејќи за останатиот дел ќе мора да се договори и со Удинезе, па потоа да го откупи целиот договор.
Се претпоставува дека Јувентус со парите од Исла сака да го ангажира дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, српскиот интернационалец Александар Коларов.Играчот од дефанзивниот ред на италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус, Маурицио Исла, ќе го засили тимот на Интер.

Пронајдете не на следниве мрежи: