Божиќ во Грција – над десет отсто поскапа божиќната трпеза

Инфлација и зголемувањето на цените, оваа година донесе и поскапа божиќна трпеза во Грција, меѓутоа се чини дека тоа не им го расипа претпразничното расположение на Грците, со оглед на тоа што во изминатите денови ги преплавија улиците во Атина, подготвувајќи се за празниците.

Некои купуваат подароци за најблиските, други ја подготвуваат божиќната трпеза, трети, едноставно излегле да се прошетаат во грчката метропола и да се фотографираат со елката.
Граѓаните велат дека некои традиции за Божиќ и Нова година не се менуваат, па дури и инфлацијата да стигне до 30 отсто.

-Купувам подароци за најблиските, традиционално го правам ова секоја година, сега се разбира, гледам да земам нешто поевтино, меѓутоа поклони од мене, секако ќе добијат, вели млада Гркинка.
-Се е поскапено, па дури и основните прехранбени продукти, но што да правиме, по две години пандемија и карантини, сакаме сега да славиме, да внесеме малку радост и празнично расположение во нашите домови, вели повозрасен Грк.

Божиќ во Грција – над десет отсто поскапа божиќната трпеза

Според процените на Институт за трговија и услуги на Грчката конфедерација за трговија и претприемништво, божиќната трпеза оваа година е од 11,6 до 12,1 отсто поскапа од лани и се движи меѓу 92,55 и 127,07 евра за шест до осум лица.
Од почетокот на месецов, централниот плоштад Синтагма во Атина е украсен со 21 -метарска елка со стотици лампиони и над 40.000 светилки во должина од пет километри.

По пауза од две години поради пандемијата вчера пред зградата на општина Атина се одржа божиќната манифестација „Ноќ на желбите“, а плоштадот се исполни со хартиени фенери што беа пуштени во воздух.
Лани, поради зголемениот број случаи на Ковид-19, општина Атина во последен момент го откажа настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.