Марк Закерберг ќе стане татко по трет пат

Марк Закерберг на Instagram сподели фотографија од бремената сопруга Присила, со која го очекува третото дете.

„Среќна Нова година! За авантурите и љубовта кои доаѓаат во 2023“, напиша 38-годишниот основач на Facebook и Meta.
Со сопругата има две ќерки, родени во 2015 година и во 2017 година. Претходно, двојката најави дека ќе добие уште една ќерка

Закерберг и Присила Чен се запознаа во 2003 година на забава, како студенти на Харвард. Се венчаа 9 години подоцна, во 2012 година.
По раѓањето на првата ќерка, во отворено писмо славната двојка соопшти дека поголем дел од парите ќе ги даде во хуманитарни цели, а не како наследство на децата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.