До ОВОЈ ДАТУМ треба да ги тргнете новогодишните украси од дома

Иако во многу куќи новогодишни украси и новогодишни елки се раскитуваат дури во февруари, според принципите на фенг шуи тоа не е добро, а има и практични причини.

Имено, некои ја украсуваат елката на крајот на ноември или почетокот на декември, а така ја оставаат речиси два месеци, што е сосема доволно време да се акумулира многу прашина на украсите, што не е лесно да се исчисти.
Според непишаното правило 12 дена по Божиќ, односно до 18-ти јануари треба да се отстранат сите новогодишни украси.

Според фенг шуи, сè што ја „завршило“ својата работа треба да се отстрани од куќата. Таков е случајот со новогодишното украсување. Припаѓа на новогодишните празници, кои сега одамна завршија.
Ако не ги отстраните, ментално останувате во минатото. Треба да размислувате за иднината, за времето што доаѓа, а тоа е пролетта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.