Огњен Амиџиќ во небрано, Микси не попушта – ријалити ѕвездата среде емисија го заведе водителот

Ѕвездата од реалните шоуа, Миљана Кулиќ – Микси, гостуваше во емисијата на водителот Огњен Амиџиќ.

Таа беше гостинка заедно со својата мајка Марија, актуелното момче Лазар, поранешното момче Ненад и таткото на нејзиниот син Иван, а сите се актуелните учесници во новата сезона на реалното шоу „Задруга“.

Актуелниот и поранешните партнери на Микси очигледно не и беа интересни, па таа одлучи да го заведува водителот.
При разговор во студиото, Микси му кажа на Огњен дека е сега слободен и можеби тој во иднина ќе биде нејзин партнер кој како повозрасен и поискусен ќе ја научи на нови работи.

На ова Огњен се обиде да се извади од ситуацијата одговарајќи и дека тие се пријатели и тоа не е во ред. Но, Микси е секогаш добро подготвена, па имаше реплика за водителот поради која тој остана без зборови.
-Огњен, од пријателства се раѓаат најголемите љубови, му одговори Микси на Огњен по што настана смеа во студиото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.