СЕПАК ИМАЛО ЗАГАДУВАЊЕ. СЕ КОРИСТЕЛ МАЗУТ ЗА ГРЕЕЊЕ?

„УСЈЕ“ мора за пет дена да почне да се грее на гас наместо со мазут, наложи државниот инспекторат за животна средина. Резултатите од мерењата  покажуваат дека оџакот од котларата за парно греење која користела мазут на УСЈЕ испуштала многу повеќе азотни оксиди и изнесува 711,9 mg/Nm3. 

Цементарница „Титан Усје“ ќе мора да плати казна која според законот за животна средина изнесува од 180.000 до 200.000 евра и наместо мазут да користи гас за загревање на деловните простории, во спротивно фабриката нема да може повеќе да работи и ќе заврши на суд. Ова го изјави Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски кој појаснува дека конечната сума на казната за „Усје“ може да биде помала од законски предвидената, а ќе зависи од спогодбата на комисија надлежна за ваквите постапки, која е при Министерството за животна средина.
СЕПАК ИМАЛО ЗАГАДУВАЊЕ. СЕ КОРИСТЕЛ МАЗУТ ЗА ГРЕЕЊЕ?

Арсовска вчера на прес свикан за аерозагадувaњето во градот изјави дека цементарницата Титан Усје била еден од причинителите за енормните загадувања на метрополата, потпирајќи се на фактите од анализите кои ги имале направено. 

Од компанијата велат дека тие ангажираат независни релевантни лаболатории кои редовно вршат мерења кои потвдувале дека емисиите се и под дозволените граници согласно законските одредби.

Цементарница УСЈЕ  не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Производството запира доколку филтрите не работат. Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. – Цементарница Титан Усје.

Со законот за заштита на животна средина кој предвидува воведување на регистар за загадувачи и контрола на издадените интегрираните дозволи досега се регистрирани само 30 правни лица а според податоците на градот листата треба да се прошири со уште најмалку 1000 други правни субјекти кои би морале и треба да побараат А или Б интегрирана еколошка дозвола и да вршат соодветна контрола на емисијата на штетни гасови во воздухот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.