Полјаците чекаат конечно „да“ од Џерард за да го наименуваат за селектор

Полска бара нов селектор после Светското првенство во Катар, откако го сменија Чеслав Михниевич, па сега се во потрага на нов кормилар и близу се до договор со англиската легенда Стивен Џерард.

Според последните информации, кои ги објави и Фабрицио Романо, Полјаците го чекаат конечното „да“ од Стиви-Џи за експресно да го наименуваат за нов селектор и да почне да го создава тимот, зашто во март стартува новиот евроквалификациски циклус за пласман на континенталниот шампионат во 2024 година во Германија.

„Се чека конечната одлука на Џерард“, објави Романо.

Џерард е легенда на Ливерпул, кој беше тренер на Глазгов Ренџерс и Астон Вила, а од ноември е без работа откако доби отказ во Бирмингем.

Пронајдете не на следниве мрежи: