Нови количини гас откриени недалеку од египетскиот брег на Средоземното Море

Компанијата „Ени“ истакна дека полето се наоѓа во територијалните води на Египет во близина на источниот град Рафа.

 Италијанската енергетска компанија „Ени“ објави дека открила резерви на природен гас во египетското поле во источниот дел на Средоземното Море.

Компанијата истакна дека полето се наоѓа во територијалните води на Египет во близина на источниот град Рафа.

„Во бунарот Наргис-1 наидено е на приближно 61 метри гас од миоцен и олигоцен во песочен камен пробиен од страна на бродот Стена Форт“, се наведува од компанијата.

Се додава и дека откритието може да се развие користејќи ја близината на постоечките капацитети на Ени“, нагласи компанијата.

Оттаму не дадоа никакви бројки во врска со проценките за количините на природен гас во полето.

Египет постигна самоодржливост во однос на гасот во 2018 година, со годишен просек од 64 милијарди кубни метри.

Извозот на природен гас на Египет се зголеми за 14,3 отсто во 2022 година, на 8,4 милијарди долари.


Пронајдете не на следниве мрежи: