Михајло Мудрик, големиот украински суперталент за 100 милиони евра дојде во Челси од Шахтер, па ова е рекордна продажба на украинскиот великан, кој една петина од парите ќе ги даде за војната во Украина.
Според информациите од Украина, газдата на Шахтер, Ринат Ахметов објавил дека 20 милиони евра од стоте што ги заработи клубот ќе одат за војската на Украина која ја брани татковината безмалку една година после руската инвазија.
Покрај ова, Ахметов решил да стартува и проект „Срце на Азовстал“ со цел да им помогне на семејствата на загинатите бранители и на тие што го преживеаа Азовскат во Мариупољ.